Американците први ја откриле Европа?

КолумбоДо сега, добро познато е дека векови пред Колумбо да стигне до „новите“ континенти, Викинзите понекогаш го препловувале Атлантскиот Океан и ги посетувале островите, па дури и источниот брег на Северна Америка. Според едно ново истражување, Американските Индијанци дошле во Европа цели 5 века пред нив да ги „открие“ италијанскиот истражувач.

До сега, добро познато е дека векови пред Колумбо да стигне до „новите“ континенти, Викинзите понекогаш го препловувале Атлантскиот Океан и ги посетувале островите, па дури и источниот брег на Северна Америка. Според едно ново истражување, Американските Индијанци дошле во Европа цели 5 века пред нив да ги „открие“ италијанскиот истражувач.

Колумбо

Група научници што работи на барање на корените на едно семејство од Исланд, извлекле заклучок дека првите Американци дошле во Европа цели 500 години пред нив да ги „открие“ Колумбо, во првата експедиција во 1492 година. Според новата хипотеза, покрај тоа што Викинзите оделе на патувања преку океанот, понекогаш тие со себе враќале Индијанци во Северна Европа.

Истражувачите веруваат дека Викинзите со себе довеле жени од Индијанските племиња, чии гени денес се појавуваат кај 80 Исланѓани. Тие гени им се припишуваат на заедничките претци од околу 1710 година, што ефективно ја демантира претходната теорија оти истите пристигнале преку Азија. Исланд бил прилично изолиран околу 10 век, така што постои голема веројатност гените да се од Американските Индијанки земени од Викинзите. За потврдување на хипотезата, ќе бидат испитани гените од Индијанските гробишта на истокот од Канада. Со тоа ќе се добие појасна слика за периодот во кој Индијанските гени за првпат се појавиле на Исланд. [First Americans ‘reached Europe five centuries before Columbus voyages’]

- Реклама -