Најстариот син на починатиот кубански лидер Фидел Кастро се самоуби во четвртокот, по неколкумесечниот третман за депресија, објавија државните медиуми. Тој имаше 68 години.
Официјалната веб-страница Кубадебате изјави дека Фидел Кастро Дијаз-Баларт бил во „длабока депресија“. Краткото известување прочитано на државната телевизија вели дека неговиот третман „барал иницијална хоспитализација, а потоа амбулантно следење“, пренесе АП.
Најстариот син на починатиот револуционерен лидер на Куба бил познат по својата сличност со татко му, со што го заслужил прекарот Фиделито или Малиот Фидел.
Кастро Дијаз-Баларт студирал нуклеарна физика во поранешниот Советски Сојуз и работел како научен советник во Државниот совет на Куба. Бил потпретседател на Кубанската академија на науките. Претходно ја водел својата нуклеарна програма.
Кастро Дијаз-Баларт е роден од првата сопруга на Фидел Кастро Мирта Дијаз-Баларт, жена од аристократијата на Куба со која Фидел се оженил во својата младост, пред почетокот на револуционерната борба која подоцна ги донела него и неговиот брат Раул на власт.
Фидел Кастро, татко му, почина во ноември 2016 година на 90-годишна возраст.