Мајкл Бејтс – пратеник во британскиот Дом на лордови и државен секретар во министерството за меѓународен развој, си поднесе оставка бидејќи задоцни на парламентарна дебата.
Според предвиденото, Лорд Бејтс требало да биде во комората на Домот во 15 часот, за да одговара на прашања на пратениците. Поради неговото доцнење, задачата мораше да ја превземе Лорд Тејлор и да одговара наместо него.
Бејтс стигна кон крајот на получасовната сесија (што значи дека задоцнил помалку од половина час), а кога пристапи до говорницата, наместо да продолжи да одговара на прашањата на претставничката на Лабуристите, тој рече дека се срами од тоа што не бил на своето место, дека секогаш се залагал за комуникација со највисок степен на култура и љубезност, и дека поради своето доцнење се извинува и ќе поднесе оставка, во истиот момент.
Реакцијата на останатите пратеници доволно зборува колку е благородничка ваквата постапка на Бејтс.