Република “Горнамакедонија” е предлогот од страна на Грција

Грчката телевизија „Action 24“ открива кој е предлогот на шефот на дипломатијата Никос Коѕијас што му бил претставен на посредникот Метју Нимиц на средбата во Атина. Тоа е „Република Горнамакедонија“.

Овој назив би бил напишан на македонски јазик, без можност за превод на Англиски јазик, со тоа што Горнамакедонија би бил еден збор и буквата „м“ би била со мала буква споена со терминот „Горна“.

Покрај тоа, последната анкета покажала дека околу 60 отсто од грчките граѓани не прифаќаат името кое би го содржело терминот „Македонија“

- Реклама -