Се фрлила во Вардар, татко ѝ ја спасил, па ја истепал

М.А., жена на 27 години денеска во близина на Камени Мост во Скопје се фрлила во реката Вардар, но набрзо потоа била спасена од нејзиниот татко и негови пријатели. Тој веднаш откако ја спасил почнал да ѝ вика и ѝ удирал шлаканици.

Откако дошла полицијата, жената била пренесена во Градската болница „8 Септември“ каде што било утврдено дека имала само лесна хипотермија од студената вода.

- Реклама -