Фото разгледница од Матера – древниот пештерски град на Италија

„Кога автобусот нé остави на станицата во Матера (која ја избравме за нашата прва станица од неколкудневното патување во Италија), бев убедена дека сме на погрешно место. Немаше ни трага од драматичните карпи и древни пештери на сликите во списанијата за патувања. Само кружен тек, луѓе што пазарат во сабота наутро и градски автобуси кои се пробиваат низ многу модерните улици“, пишува Меган Белт на својот блог „A Passport Affair“.

„Изгледаше дека древната скриена пештера на градот Матера е навистина скриена.

Ја напуштивме автобуската и го изнатркалавме багажот по улиците во потрага по областа Sassi, срцето на античкиот пештерски град.

Модерниот град остана зад нас многу брзо, а асфалтните и поплочените улици брзо се претворија во патчиња од калдрма кои нé однесоа до отворот на работ на една мини клисура. Погледнавме преку градскиот ѕид и нé пречека навистина магична глетка“…

Тешко е да се верува дека овој енигматски пештерски град еднаш беше сметан за „срамот на Италија“, пишува Меган. „Осуден“ во 1952 година поради своите негостопримливи и сурови услови за живеење, владата присилно ја расели целата популација на Матера во околните региони. Градот на пештерите, постојано населен во последните 9.000 години, беше оставен празен и во фаза на распаѓање.

Пештерските домови полека се наполнија со ѓубре и влага. Некои целосно колабираа. Напуштениот град падна во рацете на скватери (squatters, луѓе кои живеат во напуштени објекти, нешто како бездомници), криминалци, наркомани и шверцери.

Со тек на време, богатите Италијанци и раселените семејства лобираа за враќање. Една по една, пештерите беа изнајмувани, купувани, одново населени и реновирани, и покрај лошата состојба во која беа најдени. Мали хотели и кафе ресторанчиња никнаа за да го примат малиот наплив на љубопитни туристи.

Во 1985 година, Ричард Гир во Матера го сними „King David“. Во 1993 година, УНЕСКО го прогласи Матера за светско наследство. Во 2004 година, Мел Гибсон во Матера го сними „Страдањето на Исус“. Матера веќе не беше срамот на Италија.

Ако сакате, целиот патепис на Меган Белт можете да го прочитате ТУКА.

- Реклама -