Денес судење за она на „М“

Почнува судењето за скапиот мерцедес кој поранешната гарнитура го купи по нарачка на екс премиерот Никола Груевски.

Денеска во суд треба да се појават Никола Груевски и Гордана Јанкулоска на првото рочиште за предметот „Тенк“ .

За „мерцедесот“ на Груевски од 600.000 евра СЈО ја покрена постапката „Тенк“.

Во случајот „Тенк“, како што наведоа од СЈО во соопштението при информирање за случајот, осомничени се две лица кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ (Никола Груевски, н.з.) за набавка на „специјално возило“.

„Во конкретниот случај, постои основано сомнение дека за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер за набавка на специјален тип патничко моторно возило, првоосомничената го поттикнала второосомничениот да ја искористи својата службена положба и овластувања и при вршење јавни набавки, незаконски да повласти, односно да фаворизира определен економскиот оператор и да се набави возило од тој тип“, стои во соопштението од СЈО.

Оттаму, кажаа дека „во услови на намалена економска и куповна моќ на Министерството, било постапено спротивно на Законот за јавните набавки“ и била фаворизирана една фирма со тоа што во тендерската документација биле наведени повеќе технички спецификации кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки, односно на конкретен тип на автомобил.

„Постои основано сомневање дека второосомничениот во постапката за јавна набавка иако бил свесен за незаконското привилегирање на определен економски оператор, сепак донел одлука за избор на најповолна понуда и склучил договор за јавна набавка на возило за износ од 29.852.542 денари и ДДВ во износ од 5.373.458 денари или околу 572.780 евра“, се појаснуваше во соопштението на СЈО.

- Реклама -