Кога јогата не може да почека

Летањето со авион е amazing. Што ќе рече Луис Си Кеј, седиш на столица на небото и магично леташ како птица.

Но не сите заслужуваат да учествуваат во чудото наречено човечки лет, без разлика што платиле билет. Се знае, во општествени ситуации, кога сте меѓу други луѓе, прво правило на однесување треба да ви биде: „Што ако сите почнат да прават како мене?“. Кога се наоѓате во една голема лименка што лета на едно 10.000 метри, и немате избор да ја напуштите, тоа правило треба уште построго да се почитува. Ако не, во најмала рака завршувате вирални.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел
- Реклама -