“…ние наивно цепавме текила, и тоа не било која туку текила-домачица од пет литарско буренце што Дон Хектор го имаше извадено од подрумот специјално за настанот. Како стара љубовница, повремено си го гушкаше под мишка и скришно си точеше неброени шатови додека се криеше од жена му.“
Пишува: Dick Major
„Bienvenido a México Señores” весело промрмореа дебелите усни раширени во питома насмевка, скржаво скриени зад типичниот густ мексикански мустаќ на џандарот на аеродромот во Чолула каде допатувавме со Чарлс после три-часовнот лет од Далас.
Алонѕо тргна два дена пред нас. На Чарлс му требаше виза па останав со него додека да потврдат од мексиканскиот конзулат дека не е еден од оние “црни“ Јужноафриканци заради кои наводно му требаше посебна дозвола дури и туристички да влезе во прекрасното Мексико. Сиротиот немаше појма дека му треба виза, како што и самиот бев изненаден дека на мене, како Македонец, не ми требаше, барем не тогаш – тој далечен Декември 1997-ма.
Два дена порано, додека седевме кај Марија Глушчевич, уште една туѓинка од Црна Гора, и додека го гледавме “Контакт“ на Земекис, убер воспитаниот и супер културен Чарлс Муреј, бај-д-веј, од Кејп Таун, за прв пат го покажа недвосмислениот но длабоко маскиран расизам во неговите уште подлабоки фламански гени:
„Извини Петар, немав појма дека ми треба посебна дозвола, иако, сепак, не сум изненаден. Сите оние црнци од Африка се криви за тоа што ми треба виза! Жал ми е. Извини што доцниме“.
Како мува да не ме полазила, го изигнорирав тивко накурчениот син на својот про-апартхејд татко и продолжив да се надевам дека Џуди Фостер не е лезбејка зошто баш во тој период почнаа да кружат тие гласини. Шест години подоцна се разочарав кога дознав декa е стварно геј, но сепак, отприлика во исто време, од чиста пакост, задоволно се израдував кога Чарлс се ожени со прилично темна мулаткиња од Мексико, инаку втората девојка што ја запозна првиот ден од нашето неверојатно патување низ магичната земја на Азтеките. Колку што знам, му требаа неколку долги години за да ја претстави родилката на своите четрврт-црни деца на мајка му, додека да исчека татко му да почине од канцер на кожата. Ете ти, и тоа се случи. Јебига. Карма.
Кај Алонѕо дома беше како во сон од некоја пријатна летна ноќ. Латино лепотанот живееше во голема хациенда на три спрата, изградена во стилот на вековно мешаната шпанско-мурска архитектура типична за Северно Мaроко, со грандиозни и опулентни сводови богато украсени со префинети мозаици во сино-бел дезен. Во средината на големата куќа без двор имаше Ан со крајно иронична фонтанана Азтечки Бог што моча во мал базен полн со златни рипки. Мини дворецот со високи ѕидови како тие на некоја средновековна тврдина беше дополнително обезбеден со дебели решетки на вратите и прозорците кои не се отвараа нанадвор. Масивните двојни железни порти, очигледните камери на секој ќош и приватното обезбедување за богатото универзитетско маало каде сите беа наоружани до заб, со митралези, пиштоли, непробојни панцири и реденици од куршуми со голем калибар што последен пат ги имав видено на градите на македонските војводи во учебниците по историја, беа само страшен потсетник дека да бидеш богат во оваа држава значеше да бидеш богат само по дома – во бајковит затвор од ковано железо и бел варовник.
„Welcome to our humble home” беше првото што го чувме со Чарлс кога влеговме во рајската градина на семејството Санчез. Мирисаше на пролетен дожд додека пиркаше пријатно свежо ветре зад густо распрсканите капки на фонтаната околу која како војници беа построени: крезаво насмеаната собарица со споени веѓи, буцкастата намќор готвачка, помладиот брат на Алонѕо – Пепе, еден крупен мустаќлија во униформа на чии раменици беа закачени две значки – една началничка и една на федералната полиција, и прекрасните родителина Алонѕо – татко му Дон Хектор и мајка му Марија Роса. Се поздравивме со сите по ред, но мајка му, како вистинска Госпоѓа, беше последната насмевка што нè пречека за добредојде. Беше висока и тенка четириесет-и-ситно жена со црвенкаста коса кратко ишишана до под уши, широко пегаво лице и гостопримливи смарагд-зелени очи што блескаа како некакви огледала стопени од високото сонце над Анот. Имаше нешто индијанско во неа, но без сомнеж се гледаше дека е директен потомок на конквистадорите. Нејзиниот поглед беше толку мистериозен што сигурно ја криеше тајната локација на Ел Дорадо, знаење пренесено директно од Сер Волтер Рајли и пустошот што го оставил врз нејзините брутално силувани потемни предци.
Мàдам Марија Роса ме поздрави како да ме познаваше од детството. Кога ме прегрна се занесов како сè уште да бев во полузаборавен летен сон.
Се видов себе си…
Влегувам дома…
Мирисот на нејзиниот долг врат кога ме прегрна ме потсети на омилениот загасит парфем на мајка ми…
Се потсетив на дедо ми кој како да ме чекаше веднаш до буцкастата готвачка за да го прегрнам и него…
Се сетив на златниот прстен на баба ми, прстен со голем зелен смарагд заробен во тринаесет мајсторски исклесани дијаманти, прстен што последен пат го видов седум години претходно, пред да го продадат заедно со својот мал стан на Карабурма во Белград за да го купат станот што на крај го наследив и каде живеам сега додека го пишувам ова срање скоро триесет години подоцна; аманет што ѝ го оставила прабаба ми Марија Жагер, родум некаде од Јужен Тирол, во случај да загубат Германците во ‘45та па така барем едната од ќерките која беше во Хитлер Јунген да ќари нешто после војната во случај да победат партизаните.
Собарицата нè однесе секој до својата соба и ме потсети дека вечерата започнува за точно еден час и петнаесет минути. Едно брзо дркање под врелиот туш и саат време подоцна се симнав во грандиозниот салон.
* * *
Широкиот и опулентен простор веднаш до Анот беше уреден како за бал. Мàдам Марија Роса им беше наредила на послугата да го украсат со безбројни свежи црвени ружи, да ги извадат најубавите холандски чаршави, скапиот чешки кристал и бечкиот мебел за трпезаријата каде сега седеа и стоеа околу стотина гости; најтесното семејство, најблиските пријатели и сите најдобри другари на Алонѕо кој беше ѕвезда на прославата по повод неговото враќање од Тексас за празниците. Дури и донесоа некаква позната маријачи група од Гвадалахара за да свири на она што веќе изгледаше како прием за висок државник.
“This is how we do it in Mexico Peter“ срамежливо но гордо ми шепна Алонѕо кој никогаш претходно го немав видено толку вцрвенет и збунет. А како да не биде кога сите песни му се пееа на уво, а и сите еден по еден доаѓаа пред него за да го поздрават и да наздрават во негова чест.
Јас и Чарлс бевме почесни гости, третирани како трофеј што “славеникот го донел“ од неговите далечни патувања низ универзитетскиот живот во Estados Unidos. Како креваа чаши пред распеаниот Алонѕо така наздравуваа и со нас двајца, но за разлика од него, кој без било кој да знае всушност пиеше вода, ние наивно цепавме текила, и тоа не било која туку текила-домачица од пет литарско буренце што Дон Хектор го имаше извадено од подрумот специјално за настанот. Како стара љубовница, повремено си го гушкаше под мишка и скришно си точеше неброени шатови додека се криеше од жена му. Саат време и десетина здравици подоцна бевме залиени како весели јапонски туристи. Мене не ми беше прв пат па знаев дека ако продолжам со текилата ќе завршам како што заврши Дон Хектор кој го започна првиот танц со глава повисоката Марија Роса така што пијано и крајно срамно падна во фонтаната, за малку не повлекувајќи ја и жена му со себе.
Маријачите засвиреа уште посилно и сите се дадоа во гласна смеа и аплауз. Журката започна.
Другарите на Алонѕо го извадија Дон Хектор од фонтаната заедно со една златна рипка што му се препелкаше во џебот од палтото. Го фатија под мишки и му помогнаа до спалната на вториот кат за да се пресоблече.
Не го видовме до следниот ден.
Поучен од очигледното продолжив како Хемингвеј – со разводнети Дакири коктели; Havana Club бел рум и Luxardo Maraschino ликер со цеден грејпфрут и само малку лимета.
Ноќта продолжи весело и шарено. На едниот крај, една од братучетките на Алонѕо се кубеше со некоја негова бивша девојка зошто искоментирала дека овој има женски колкови. На другиот крај беше распиштолениот Чарлс каков што ни пред ни потоа го немам видено, со бушава коса, една ружа позади уво, втора во устата, и само по расчкенбена долна мајца се муваше со висока мулатка со феноменали цициња -школска на Алонѕо, која, како што спомнав погоре, неколку години подоцна му роди три деца контрасно темни во однос на неговата “алергичен сум на сонце“ фламанска Де-Ен-Ка.
Пола саат подоцна разиграната толпа веќе го беше закачила буренцето со текила на распрсканото куре на Азтешкиот Бог во фонтаната и имаше долга редица за да се налеат како да беше магичен еликсир од месоамерикансите легенди за изворот на бесмртноста. Единствено Мàдам Марија Роса беше присебна и сè уште очигледно посрамотена од нахалноста на својот сопруг кога ја забележав дека седи сама на третиот крај од Анот. И покрај тоа што потекнуваше од вековно етаблирана аристократска фамилија, заради неприкосновен семеен долг се беше омажила за најнадежниот интелектуалец од Веракруз – битна лука на обалата на Мексикансиот залив. За среќа, имаше плоден брак и две прекрасни машки деца, но сепак, малограѓанските манири на своевремениот вундеркинд Дон Хектор, син на морнар кој заради екстремно висока интелегенција беше број еден информатичар во државата, ја прогонуваа на секоја прослава каде беа присутни доволно луѓе за да неговите пијани испади ја натераат да се повлече во најтемните ќошиња од веселбите.
Нарачав уште два Дакири коктели и ѝ пријдов.
Пристојно ја одби пијачката и со бесшумен и грациозен гест ме покани да седнам до неа. Беше тенка и витка жена, но имаше силно срце, цврсти коски и леден израз на лицето. Исто како и Дон Хектор, имаше магистрирано и докторирано компјутерски науки на Принстон и зборуваше англиски како да беше порасната на јазикот. Тонот ѝ беше тивок и одмерен, погледот далечен и осамен. Седнав до неа и се обидов да ѝ се заблагодарам за гостопримството, да ѝ ја пофалам неочекуваната забава. Но, како меланхоличен лебед без партнер, со само мало поткревање на долгиот врат, ми даде до знаење дека не треба да ѝ се обраќам додека прво не ми прозбори таа мене. По пет минути тишина, сакав да станам и да се приклучам на баханалиите под ѕвезденото небо над Анот, но не можев да ја оставам сама. Сам се наместив. Сам се укотвив до неа.
„Знаеш, сите гости се роднини на Дон Хектор. Освен Алонѕо и Пепе тука нема моја крв“ од никаде ме изненади кога ми шепна на уво со очи замаглени од солзите што ѝ го затнуваа грлото.
Тонусот ѝ беше паднат од срам. Нервозно си ги кршеше вештачките нокти под холандскиот чаршав кои веројатно мораше да ги менува секоја недела зошто нејзините беа изгризани до корен од тешките фрустрации на живот осуден да го помине со уште еден обичен смртник кој правеше будала од себе секоја пијана прилика што ја имаше.
После уште пола саат поминати без збор, отсечно им климна со главата на намќорестата готвачка и тупавата собарица. Овие пак, сега во својство на обезбедување и келнер, почнаа да им даваат пластични чаши на гостите и да го собираат чешкиот кристал пред да заврши во кантата за ѓубре како искршено стакло.
„Come with me…“ ми шепна.
Веројатно сите очи беа вперени во неа зошто во истиот момент кога станавме, прославата се стиши во fade out. Ги одминавме присутните како да поминуваме покрај турски гробишта и тргнавме внатре кон салонот. Ја пратев нагоре по скалите, до првата соба на чија врата имаше дебел хамер со месечен календар каде сите денови беа заокружени во различни бои и обележани со мали ракописни забелешки составени од чудни формули, бројки, букви, и кратки фрази на шпански и на англиски.
„This is Don Hector’s study. He is a genius you know… “ ми дофрли без да ме погледне кога приметив дека забавата под нас наеднаш стана погласна и уште повесела.
Темната соба со високи сводови и дебели тешки завеси од крв-црвена чоја изгледаше како модерна алхемичарска лабораторија. Насекаде имаше размонтиран компјутерски хардвер, десетици монитори во сите големини и облици низ кои се испишуваа “матрикс“ софтверски кодови, и најмалку дузина монтажни столни лампи од кои барем три беа опремени со големи работни лупи. Се слушаше смирувачка бучава од зуењето на педесетина мали вентилаторчиња, крајно иронично поддржана од камен-пијаното хрчење на Дон Хектор во соседната соба кој звучеше како беспомошно да се дави во најмалку три литри домашна текила. На најширокиот ѕид висеше огромна старинска училишна табла исчкртана со чудни дијаграми и шеми; насекаде се виореа исправени страници од отворени книги; расфрлани бонсеци, штрафцигери, алат за лемење, полици полни со компјутерски делови и стар грамофон од почетокот на векот на кој раштимано и глуво се вртеше некаква традиционална мексиканска романтична песна. Мàдам Марија Роса ја прекина музиката кога ја крена сто-години старата игла од плочата и смирено ми објасни дека Дон Хектор не е само обичен професор по информатика туку дека е и изумител на стотици патенти.
„Голем човек“, ми рече гордо, „Посветен татко, сопруг, и личен советник на Претседателот на државата“.
Звучеше како да го оправдува, и дури за кратко се насмеа со широкото лице како повторно да беше пргаво девојче. Знаеше од каде сум и што студирам и ми го даде тоа до знаење кога ми предложи еден ден да напишам комична претстава за ноќта. Ме замоли да ѝ го сменам името ако некогаш ја спомнам неа. Ѝ ветив дека ќе направам токму така и ја прашав како би сакала да се вика во тој некој иден текст.
„Maria Rosa… MÀDAME! Maria Rosa“ ми одговори и ме почести со уште една несташна насмевка.
Излеговме од собата и тргнавме по скалите нагоре. Приметив дека се расположи кога продолжив да ѝ се обраќам со “Марија Роса“.
Влеговме во просторот веднаш над лабораторијата на Дон Хектор. Оваа соба очигледно беше нејзина. Прво ги отклучи челичните брави на прастарата дебела врата од махогонија и ми се сврте за да ми каже дека последниот човек кој бил внатре е некој нејзин роднина две години претходно. Како типичен клипан од Карпош, ко’ што сум и денеска, прво што помислив беше дека ќе ја изебам мајка му на Алонѕо, но како во брз тетрис, грешните мисли не ми се склопуваа во тоа решение, барем не за блиската иднина.
Оваа нова просторија беше скоро празна во однос на собата на Дон Хектор. Имаше стар мебел од времето на мексикансиот барок, понекоја скулпура и огромна работна маса на која беше располслана стара мапа од зачетоците на колонизацијата на Мексико. Иако беше ладна како лед, на лицето на Госпоѓа Марија Роса се провлекуваа скоро неприметни тикови предизвикани од апсолутна гордост. Не кажа ниту збор кога ме укори да не помислам да посегнам да ја допрам мапата.
„This is the actual map that Herman Cortes used to navigate across the Atlantic to Veracruz…Moreover, law as national heritage protects it. You could actually use it to trace our family lineage all the way to your friend Alonzo“.
Немав појма кој е Херман Кортес, но знаев дека е веројатно некоја битна фаца. Потоа, ми укажа на сликата на ѕидот над каминот.
„Do you know who’s painting this is?“
Ја кренав главата и сфатив дека пред мене стои непознато ремек дело на кубизмот. Се приближив зошто видов дека има потпис…
„Диего Ривера, 1914та“ гордо ми дофрли кога веќе и самиот успеав да му го прочитам името.
„ Дедо ми беше гувернер на Веракруз кога му даде стипендија на младиот Диего да студира во старата татковина. Отсекогаш сме имале њух да намирисаме квалитет, благодарејќи на баба ми, се разбира“, продолжи Марија Роса и не прекина да зборува за своите славни предци по женската линија на семејството.
Започна со прабаба ѝ во времето на Мексиканската револуција во 1910та и заврши четрсто години порано со Херман Кортес и основоположувањето на Веракруз како еден од првите градови на денешно Мексико. Беше полетна додека ми прераскажуваше за историјата на своите предци. Како да сакаше да си докаже дека не е уште еден обичен професор при престижниот Universidad de las Americasво Пуебла каде работеше повеќе од дваесет години во тоа време.
Кога зборуваше за некоја нејзина чукун-чукун-чукун баба која наводно имала плава крв,толку многу се возбуди што ме замоли за цигара и ја испуши помеѓу две кратки реченици во кои објасни дека потекнува директно од шпанската лоза на кралицата Марија од Арагон.
Ми наточи вино, се смири и тивко ме замоли: „Те преколнувам, не го суди Алонѕо според татко му, сепак, тој има и мајка, но за жал не и сестра“. Тогаш немав појма што значеа тие зборови како што и денеска не сум сигурен, но беше толку сериозна што знаев дека е сигурно нешто драматично. Самата се прекина пред да ми ја открие страшната тајна и тамам да помислам дека ќе се онесвести -имаше само уште една молба:
„Ако јас сум ‘Мàдам Марија Роса’ во твоите идни текстови, тогаш, те молам, другар ти нека се вика Алонѕо, а мажот ми Дон Хектор“
Климнав потврдно и наздравивме со две кратки потчукнувања на скапите чаши од чешки кристал.
* * *
Ме разбуди зачаден мирис на запечени чоризо колбаси, пржени јајца и пченкарни тортиљи. За пет минути се дотерав и веќе чукав на вратата на Чарлс кој беше во соседната соба кога ги видов Марија Роса и Дон Хектор на вториот спрат од другата страна од Анот. Изгледаа како брачен пар од филмовите на Фелини. Буцкастиот Дон Хектор, со огромна црвена џмучка на ќељаицата, малтене скроз гол, беше комично обвиткан со многу мал пешкир што едвај му се држеше под широкиот влакнест стомак. Марија Роса пак носеше бела прозрачна свилена спавачица која ѝ ги исцртуваше сите контури на виткото манекенско тело. Очигледно се караа и веднаш откако ме примети, ја снема позади првата врата што ѝ беше на дофат. Овој па мајчин, како струја ѝ ги примети и погледот и срамот. Молневито ми се сврте. Врзавме очи. Се окези шашаво, и весело ми довика одма да се симнам на доручек.
„Maria Rosa is not coming down for breakfast. She has a headache“, ни кажа Дон Хектор кога се појавиво големата кујна каде бевме размуабетени на долга рустична маса од времето на раните предци на Марија Роса. Го чекавме господарот на куќата скоро цел саат пред да се симне за да јадеме заедно.
И… каков се појави?! По развиорен баде мантил и број поголеми старомодни гаќи – од оние со џепче за мочање ;со мокра крпа на главата и минијатурно дволитарско буренце текила под мишката… Не знам од каде ги вадеше…
Плесна со рацете, им фрли по едно намигнување на готвачката и собарицата, и за две секунди пред нас почнаа да се сервираат најегзотичните рецепти за доручек што некогаш ги имав видено. Се разбира, моравме да започнеме со по една текила, но исто така, и тоа особено јас и Чарлс, моравме да пробаме сè што беше на долгото мени: huevos rancheros, quesadillas, frittatas, chilaquiles, vuelve con la vida, papas con rajas, molletes, churros, sopaipillas…
Завршивме со јадење два саати подоцна и бевме доволно поднапиени за да ја придобиеме самодовербата на Чарлс, кој, мамурен и повторно здрвен после четири-петутрински текили, срамежливо ни призна дека изгубил невиност во некоја од скриените собички на послугата за време на целовечерната фиеста.
Алонѕо го погледна со ладните очи на мајка му и со окезена насмевка како таа на татко му. Зема голем здив и му дофрли дека и тој изгубил невиност со истата девојка, пет години пред тоа!
Штама…
„That practically makes you best friends“ беше мој начин да ја разбијам љубоморната драма на масата. Дон Хектор се искина од смеење, се поткрена, прдна без срам како татко му да бил морнар и извади еден краток ферман на кој го приметив препознатливиот ракопис што го видов на вратата од неговата соба.
„Ok boys, I made you an itinerary for the trip“ ни соопшти сериозно и авторитативно и почна да ни чита што и кога ќе правиме во следните скоро месец дена…
Саат време подоцна едногласно беше одлучено дека пред нас имаме авантура низ десетина места на централно Мексико кои “мораме да ги посетиме!“. Јебига, така ни беше пишано во маршутата на Дон Хектор. Здрвивме по уште една текила, ни даде клучеви од кола и ни нареди да тргнеме веднаш за да не нè фати темница на вожњата до Мексико Сити.
„It can get dangerous here in Mexico“ беа последните зборови на Дон Хектор, пред да заминеме со брат му на Алонѕо зад воланот на старата Волксваген Буба.
* * *
Dick Major
Пиши му на Dick Major: dickmajor2@gmail.com