Осумгодишно девојче на диета веќе 6 години

Диета Една мајка во Велика Британија ја држи својата ќерка на строга диета веќе 6 години. Ова можеби не би било толку чудно, доколку девојчето немаше само 8 години…

Една мајка во Велика Британија ја држи својата ќерка на строга диета веќе 6 години. Ова можеби не би било толку чудно, доколку девојчето немаше само 8 години…

Диета

Ејли Џилардони е жената што ја држи својата ќерка на строга диета веќе 6 години. Девојчето, уште од двегодишна возраст добива само 700 калории на ден, 1000 помалку од препорачаното. Сево ова е последица на паранојата на мајката, која вели дека Корлеј немало да биде убава и популарна ако била дебела. „Тоа што имам прекумерна телесна тежина доминира со целиот мој живот“ рекла самохраната мајка во интервјуата за британските медиуми. „Не сакам таа да биде како мене“.

Докторите велат дека скусувањето на неопходните хранливи материи во овој период од животот на девојчето ќе предизвика многу проблеми и ќе има далекусежни последици по нејзиното здравје. Нејзиниот имунолошки систем ќе пострада, растот и пубертетот ќе бидат забаваени, постои голем ризик од појава на остеопороза, а ќе се јави и недостаток на витамини и минерали. Најзагрижувачки е што, од психолошки аспект, многу веројатно, ова ќе доведе до појава на екстремна анорексија, што на крајот ќе ја убие.

Девојчето веќе е опседнато со својот изглед и постојано се гледа себеси во огледала. Таа има страв од дебелеење. Била анемична до петгодишна возраст, а во моментов, покрај тоа што е 2,2 кг послаба од долната препорачана граница за нејзината возраст, е во добра здравствена состојба.

Ејли Џилардони, мајката одговорна за режимот, има 107 килограми и внесува по 3 илјади калории во еден ден, далеку над секоја препорачана норма. Оттаму, со право, медиумите во Велика Британија заклучија дека таа ги префрла своите фрустрации врз недолжното девојче. [8yr-old has been on a diet for SIX years]

- Реклама -