Брејкинг њуз од Ибица: Шампањско од 42.000 долари отиде јабана (видео)

Видеово е како тегла слатко за сеирџии: Тип во ноќен клуб отвара екстремно скапо шише шампањско. Му паѓа.

Видеото беше споделено на Фејсбук страна насловена „Ibiza Club News“ („Вести од клубовите на Ибица“). Неколку портали пренесоа дека се работи за 3-литарско шише Шампањ вредно 42.000 долари.

Дежурните експерти во коментарите баш не се сложија – генералниот консензус е дека се работи за Veuve Cliquot rosé, кое е поевтино. Ама еве, нека е цената упола. Нека е и четврт. Нека е 1.000 – 2.000 евра. Пак боли, мамата. А тоа е и слаткото.

 

 

- Реклама -