Ако ви кажеме дека ова е приказна за едно пријателство меѓу човек и прозор, може и да ни се изнасмеете. Ама ако малку го активирате тоа поетското во вас, ќе почнете да сфаќате дека ова е всушност мала поема за минливоста.
Алпер Јесилтас живее во Истанбул 24 години. Работи како адвокат, а ужива како фотограф. Ова е прозорецот што последниве 12 години го гледал секој ден спроти својата соба – што значи, вели Алпер, дека од овој агол можел да го види само тој. Го гледал и фотографирал 12 години, со сите негови лица.
Во меѓувреме објавил дел од фотографиите на интернет. Го привлекле вниманието на пар луѓе. Издавачите искористиле две од нив како насловна за книги, а третата била прикажана на изложба.
„Еден ден, сопствениците на зградата решија да ја срушат, за да изградат нова. Додека тоа се случуваше, успеав да направам уште една последна слика“.