Необични гробишта

необични гробиштаСмртта е неизбежна појава на која се подложни сите, од кралеви и кралици до најсиромашните луѓе на планетава. Кога неизбежното ќе се случи, следуваат погребните ритуали и церемонии. Неоибичните и историските гробишта во последно време почнаа да привлекуваат нов тип на туризам, оваа „темна“ страна на туризмот е феномен чија популарност расте во целиот свет.

Смртта е неизбежна појава на која се подложни сите, од кралеви и кралици до најсиромашните луѓе на планетава. Кога неизбежното ќе се случи, следуваат погребните ритуали и церемонии. Неоибичните и историските гробишта во последно време почнаа да привлекуваат нов тип на туризам, оваа „темна“ страна на туризмот е феномен чија популарност расте во целиот свет.

Cimetiere des Chiens
необични гробишта

Како што кажува името, овие гробишта се наменети за кучиња и други домашни миленици, и за нив се вели дека се најстарите јавни гробишта за миленици во светот. Гробиштата се сместени во Асниер-сур-Сен, населба во северозападните предградија на Париз, Франција. Отворени во 1899 година, овие гробишта биле одговор на тогаш нов француски закон со кој на сопствениците на домашни миленици им било забрането да ги фрлаат труповите на мртвите миленици во ѓубрето или во реката Сена. Најпознатиот гроб во овие гробишта е оној на Рин Тин Тин, легендарното куче од Америка кое беше ѕвезда на неколку холивудски филмови.

Гробишта Стул
необични гробишта

За овие гробишта, кои можете да ги најдете во Канзас, САД, се тврди дека се најопседнатите гробишта во светот. Некои луѓе дури и ја третираат локацијата како една од седумте порти на Пеколот. Постојат толку многу легенди, приказни за вештерство, духови и натприродни случки што кога во 1995 година Папата Јован Павле Втори требало да го посети Колорадо, тој инсистирал дека неговиот авион не смее да помине над Стул. Неговиот изговор бил дека Стул е „несвета земја“.

Но, колку е навистина страшно ова место? Нема многу локации во светот кои се толку контроверзни колку Гробиштата Стул. Една од најпопуларните приказни е дека на овие гробишта е закопан единствениот получовечки син на Ѓаволот. Можеби затоа тој лично ги има посетено овие гробишта барем еднаш (иако некои легенди велат двапати) годишно од 1850 година. Сепак, Трејси Морис, автор на серија паранормални хумористични мистерии поставува логично прашање: „Може да се претпостави дека госпоѓа Луцифер и Луцифер Јуниор по нивната смрт отишле во пеколот, каде што Мрачниот Принц е неоспорен монарх. Па, ако тие се во пеколот, зошто тогаш тој би ги посетувал нивните гробови? Можеби посетите му се како одмор.“

Гробишта Вкрстени Коски
необични гробишта

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Гробиштата Вкрстени Коски, традиционално нарекувани Гробишта за Самици потекнуваат од средниот век. Тогаш овие гробишта биле последното почивалиште за проститутки (кои локално биле нарекувани Винчестерски Гуски) кои работеле во легализираните бордели во Лондон. Железната ограда на овие гробишта е украсена со ленти во разни бои, приврзоци, амајлии, пердуви, поеми, слики и свилени чорапи.

Историчарот Џон Стоу во 1603 година запишал: „На овие самици им биле забранети цркови обичаи, се додека го одржувале тој грешен животен стил, и биле исклучени од христијански погреби, ако не се покајале пред смртта. Поради тоа за нив била направена парцела наречена Црковен Двор за Самици, далеку од црквата.“

Гробишта Широкореченское
необични гробишта

Во деведесетите години од минатиот век, Екатеринбург бил познат како „Главен Град на Криминал во Русија“. Многу од водачите на Руската Мафија живееле таму, а овие гробишта стананале нивното последно почивалиште. Многу скапи надгробни споменици, црн мермер, скапоцени камења, ласерски врежани слики и споменици во природна големина се честа појава на овие гробишта. На надгробните споменици покрај имињата на мафијашите се напишани и нивните прекари, како и она по што биле познати, како на пример: „Тој беше експер за користење ножеви.“

Нептунов Меморијален Гребен
необични гробишта

Нептуновиот Меморијален Гребен е првиот подводен мавзолеј во светот. Во овој мавзолеј се чуваат кремирани посмртни останки на оние кои навистина го сакале морето. Мавзолејот бил отворен во 2007 година, во близина на Мајами Бич, и е најголемиот вештачки гребен во светот.

Планината Вуји
необични гробишта

Обесувањето на ковчези е стар погребен обичај кој се среќава само во Азија: вакви гробишта можат да се видат само во Кина, Филипини и Индонезија. Некои од ковчезите се поставени на дрвени греди поставени во карпата, додека други се поставени на природни тераси во карпите, а некои од ковчезите се ставени и во пештери.

Висечките ковчези на Бо народот во Гонгксијан, во Сичуан Провинцијата, Гујуе народот од Планината Змеј Тигар, и Гујуе народот од Планината Вуји се најпознати. Ковчезите на Планината Вуји се најстарите, некои се постари и од 3750 години.

Колку и да е бизарно, ова сепак има смисла. Зошто да закопуваш ковчег 2,5 метри под земја ако сакаш да одиш на небото?

- Реклама -