Перез е алтернатива за Хамилтон

Мексиканецот Серхио Перез е алтернативата на Мекларен Мерцедес доколку преговорите со Луис Хамилтон за продолжување на договорот не одат во непосакувана насока.

Само една седмица откако Мартин Витмарш објави дека нема „план Б“ кога е во прашање можна замена за Британецот Хамилтон, доаѓа информацијата дека Меклерен сепак е подготвен да го вклучи во игра 22-годишниот Мексиканец.

Мекларен Мерцедес се обидува да го задржи Хамилтон во своите редови, но тој и натаму размислува за понудата вредна 60 милиони фунти. Најверојатно сака побогат договор за наредните сезони, но тоа може и да му се удри од глава.

„Хамилтон најверојатно сака да си игра со оган, а кога така си играте, некогаш ќе ги изгорите прстите. Тој би бил луд доколку го напушти Мекларен. Ако сака да знае што може да се случи ако безглаво трчате само по пари, може да отвори Гугл и да види како помина Жак Вилнев“ изјави анонимен извор близок до Мекларен, за британскиот„Дејли мејл“.

- Реклама -