Ким До-Јеон, 21 годишна девојка од Јужна Кореја, преку ноќ станала позната во својата татковина откако се појавила на телевизија и признала дека е зависна од чоколадо. Иако не може да се забележи од нејзината фигура, Ким рекла дека таа секој ден јаде неверојатно големи количини чоколадо.

На 2 ноември, Ким До-Јеон се појавила на корејското телевизиско шоу „Марсовскиот Вирус“ каде што признала дека секој ден конзумира чоколадо, со секој оброк. Таа рекла дека го топи чоколадото и го додава на сите оброци, дури и оние кои содржат месо. На шоуто Ким ја демонстрирала својата зависност пиејќи топено чоколадо, и јадејќи шпагети натопени со чоколоадо. Според нејзините проценки, Ким само во последните шест години изела повеќе од 1200 килограми чоколадо.