Јохан Лолос е самоук фотограф од Белгија кој пред 4 години одлучил да ја напушти Европа и да го пропатува светот. Ама…
Две години ги обиколувал Австралија и Нов Зеланд. Вели дека тогаш уште не бил свесен дека и Европа има многу што да понуди, особено кога се во прашање разноликоста на природата и пејзажите.
Кога по 3 години се вратил во родниот Лиеж, сфатил дека живее на помалку од еден ден возење до, вели, најубавите планини на светот. Се разбира, говори за Алпите.
Тоа е и моментот кога одлучил во текот на летните месеци да ја патува Европа, па направил и план. Според планот, Лолос требало да обиколи три европски региони и 17 држави во период од 5 месеци.
Тоа што сега го читате ова е потврда дека планот е остварен. Фотографиите од феноменалните пејзажи Лолос ги објави во својата фото-книга насловена „Врвовите на Европа“ (Peaks of Europe). Ова се само дел од нив.
Лаго ди Брајес, Јужен Тирол, Италијаж
Augstmatorn, Швајцарија
Landmanalaugar, Исланд
Hamnoj, Lofoten, Норвешка
Плажа Навахо – Закинтос, Грција
Somaroja, Тромсо, Норвешка
Ла Maddalena, Италија
Свалбард, Норвешка
Метеори – Тесалија, Грција
Шамони, Франција
Јохан ќе го најдете на Инстаграм, под името „le backpacker“.