96-годишен осуден нацист бара помилување

Оскар Гренинг – 96-годишниот Германец кој е осуден на (само) четири години затвор поради своето учество во убивањето на 300.000 луѓе (главно Евреи) во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц, смета дека и тоа му е многу.

Иако е осуден во 2015-та во Линенбург, Гренинг сé уште не почнал да ја издржува казната, бидејќи во меѓувреме неговите адвокати поднесоа жалба, а сега и барање за помилување.

Портпаролката на обвинителството најави дека одлуката за помилувањето ќе ја објават неделава, во консултација со судската порота што го осуди Гренинг.

Што и да е исходот, ќе остане само фактот дека правдата е спора.

 

- Реклама -