Кока Колата што ве тера на „серка“ растура во Јапан

Ништо на светот како пијалок што ве тера да трчате накај тоалетот.

Јапонија е позната по импровизирањето во исхраната. Во Јапан се хит црните бургери, штоа ко ти ги послужат тука ќе мислиш дека ти дале две изгорени лепчиња со изгорена пласика во средина. Во Јапан се служи пржено пилешко кое нема мирис на пржено пилешко. Во Јапан се додава мајонез во смесата за благи палачинки.

Па имајќи ги пред вид овие работи, не е ни чудно што Кока Колата која ве тера да трчате во тоалет, пројде одлично во Јапан.

Имено, Кока Кола Плус е лансирана на јапонскиот пазар уште во март годинава, а од Кока Кола се надеваат дека ќе ги надмине очекувањата за продажба во најкус можен рок. До денес пијачката веќе лапна „златен стандард“ од FOSHU (Храна наменета за здравствена употреба).

Прочитајте и:  Вештачка интелигенција ја создаде празничната магија на Coca-Cola

Вил Стрит Џурнал вели дека Кока Кола Плус сериозно го потпомага  дигестивниот процес бидејќи содржи 5 грама декстрин во шише. Сепак, тоа што ве удира на голема нужда, не и’ е единствена предност.

Овој пијалок, исто така помага во исфрлувањето на мастите, а воедно оддрува умерена количина триглицериди во крвта по јадењето.

П.С Палачинките со мајонез може да ви направат мерак, без зафрканција …

- Реклама -