Си листаш така каталог на IKEA и на дното на страницата со детски креветчиња начекуваш означено поле. Пишува нешто во стилот на „Мочај тука“.
Се работи за креативна реклама за детски креветчиња, но истовремено и тест за бременост. Ако жената е бремена, под цената ќе се појави попуст. Ако го однесете флаерот во продавниците на IKEA, погодувате, можете да го искористите тој попуст и да купите креветче и за упола од редовната цена.
Пред да се залетате преку граница до најблиската IKEA, да си знаете дека понудава важи само за Шведска.