Лудориите на екстремно забавниот принц Хари им донесоа „срам“ на луѓето од кралското семејство, а како тоа да не беше доволно, сега едно француско списание објави ексклузивни папарацо фотографии од војвотката од Кембриџ, жена на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, од нивниот заеднички одмор.
За сега може да се видат само оние фотографии што се поставени на насловната страница, но прашање на време е кога некој од купувачите на списанието ќе ги искенира и поголемите фотографии од внатрешните страници, по што ќе имаме шанса да ги погледнеме најновите благороднички гради.