Пловечки острови – прочистување вода со ѓубре

Повеќе...Некои луѓе, како Брус и Ен Кања, му даваат голема важност на рециклирањето. И тоа не во мала мера, туку во нешто што може да прерасне во глобална идеја. Имено, тие користејќи ѓубре, односно рециклирани материјали, градат острови кои ја прочистуваат водата.

Некои луѓе, како Брус и Ен Кања, му даваат голема важност на рециклирањето. И тоа не во мала мера, туку во нешто кое може да прерасне во глобална идеја. Имено, тие користејќи ѓубре, односно рециклирани материјали, градат острови кои ја прочистуваат водата.

Floating Island International е бизнис основан од сопружниците Брус и Ен Кања, кој иако започнал како мал бизнис со само неколку вработени, сега неговите услуги ги користат клиенти како Американската Дистрибуција, армијата на САД и Дизни. Имено, Floating Island International се острови направени од човекот, кои веќе можат да се најдат во Кина, Нов Зеланд, Јужна Африка, Канада, како и во САД.

thumbnail.php

Брус, кој има 57 години, е иноватор и деловен човек кој работел со простетика, текстил и спортски материјали. Но, пред околу една деценија му дошла идејата пластичното ѓубре да го претвори во пловечки острови кои ќе ја чистат загадената вода, ќе го поттикнуваат растењето на рибите и ќе обезбедат засолниште на некои видови. Бизнисот на овие сопружници е стар само 5 години, а бил инспириран од пловечките блата во Северен Висконсин, каде што Брус работел како инструктор по риболов. Тој дипломирал на Универзитетот во Висконсин со диплома за социјални студии, а подоцна си купил фарма на реката Јелоустоун во Монтана. На таа фарма, неговото куче Руфус скокнало во езерце за наводнување, оставајќи во истото смрделива и црвена трага. Сега водата била преполна со азот и фосфор од соседните фарми и ранчови, па Брус се запрашал: Како природата би се справила со ова? Природата тоа го решава со мочуришта. И така се роди концептот да се користи природата како модел. Па, како да се развијат повеќе мочуришта? Тоа што следеше беа стотици прототипи. Неговите острови мораа да бидат шупливи за водата да минува низ нив, овозможувајќи им чистење, но и доволно цврсти за да може на нив да растат растенија, како овој тресет.

.

119
Со текот на време, Брус и Ен одлучиле своите острови да ги прават со рециклирани шишиња, како овие:
sisinja
Потоа тие се засемени со природни растенија кои се соодветни за мочуришта:
montaza
По сезона-две, тие изгледаат како оваа инсталација, една од сериите острови најдени во езеро во Чикаго:
ezero
Floating Island International има околу 400 илјади острови. Повеќетто од нив се мали и нив може да ги собере во вашиот двор. Но, оваа година фирмата ќе изгради четири острови кои со површина поголема од 18500000 метри квадратни. Два се веќе купени од Армискиот корпус на инженери и е лоциран во езерото Дачи во Орегон и езерото Шипи во Калифорнија, со цел да служат како место за гнездење на езерските птици. Целта била овие птици да се тргнат подалеку од реката Колумбија, каде што ги ловеле малите лососи. Дизајнерите поставиле 250 вртимушки на островот за да ги намамат птиците. Резултатите досега се ветувачки.

Брус има голема идеја: огромен пловечки остров наречен Leviathan кој, опремен со механичка вентилација, може да циркулира и да исчисти 3,78 милион литри вода во минута. Тој се надева дека ова ќе помогне при чистењето на водите од нафта, но засега нема најдено купувач. Повеќетто од неговите купувачи се локални власти кои сакаат да си ја исчистат водата. Исто така, тој се надева дека бројот на овие острови ќе се зголеми. Нема лимит на тоа колку острови можат да бидат врзани заедно, а големите можат и да се укотват. [Floating Islands: Using Garbage to Clean Polluted Water]

- Реклама -