Јас сум Дејвид Сасо и само што го завршив мојот фото-проект во врска со тоа како луѓето кои имаат Тританопија (форма на далтонизам) го гледаат светот.
Тританобија е нарушување на видот каде мрежницата е дефицитарна или пак има недостаток на конусни клетки кои содржат опсини кои пак одговараат на сината боја.
Во кратки и попрости црти, проблем да се разликуваат зеленото и синото.
Постојат неколку варијации кога станува збор за нарушувања на видот поврзани со боите. Деутераномалија – кога сѐ изгледа избледено. Протанопија – Сѐ има зеленкаста нота. Тританопија – зеленикаво – розеви тонови. Само 0,00003 страда од комплетно слепило кога е во прашање разликувањето бои.