Иран забранува учење англиски јазик во школите

Иранските власти го забранија изучувањето на англискиот јазик во наставата во основните училишта. Постоењето на таквиот наставен предмет, според нив, претставува „културолошка инвазија“.

Наместо англиски, меѓу учениците во основните школи министерството за образование предвидува „зајакнување на вештините по персиски јазик и иранска исламска култура“.

Иранскиот врховен водич – ајатолахот Али Хаменеи, и порано ја изрази својата загриженост околу изучувањето на англискиот јазик (кој многу Иранци го сметаат за важен, разбирливо). Посебно го критикуваше ширењето на англискиот во градинките, и тоа во говорот до наставниците во 2016-та година.

Назад во 2018-та, секретарот на Високиот образовен совет изјави дека „учењето на англиски воопшто не се препорачува“. Основните школи кои предаваат англиски вон наставата, потсети тој, „ги кршат правилата“.

- Реклама -