Последното парче месен нарезок

Ситуацијава е прилично непријатна и незгодна за мачкава која ја заглавила главата во конзерва. Мачоров ја гледа, од страна, се чуди и си вика, сега ми е шансата.

Кога би тргнале по некоја си најпроста аналогија, мачката сакала да го докрка и последното најмалечкото парченце месен нарезок од конзервата без притоа да знае какви последици тоа исто парченце месен нарезок би можело да предизвика.

Се надеваме дека нема да бидеме на тапет поради нарушување на интимата на мачката бидејќи и онака фацата и е покриена со конзерва.

Пишете го вашето наравоучение за ситуацијава во коментар.

- Реклама -