Фотографија што не се фаќа секој ден

Некогаш природата ќе ти се намести премногу добро за да изгледа вистинито, ама ете, и тоа се случува. Се случи во Коста Брава во североисточна Шпанија, кога јато сколовранци приредија спектакл и формираа „облак“ (појава позната како „murmuration“) и самиот во форма на птица.

Среќникот што го фатил моментот бил фотографот Даниел Бибер од Хилзинген, Германија. Вели дека било нереално што јатото, веројатно соочено со опасност од предатор како сокол или орел во близина, и самото се претворило во џиновска „птица“, како да сакало да го заплаши потенцијалниот грабливец со порака „ние сме уште поголема птица од тебе“.

Како и да е, Даниел и претходно имал многу обиди да фотографира сколовранци, но немал многу среќа. На крајот завршил во Коста Брава, фотографирајќи ги четири последователни дена. Интересното е што за овие фотографии добил и меѓународна награда, но дури отпосле сфатил дека меѓу фотографиите има и таква на која јатото е во форма на птица.

Еве му ги и другите обиди. Многу блиску, ама сепак не доволно.

 

 

- Реклама -