Викаат вежбањето е најлесно кога го правите во друштво. Изгледа уште подобро е кога го правите со цело семејство.
Доказ се 32-годишниот кинески фотограф Jesse, неговата бремена сопруга и неговите родители. Вежбале заедно 6 месеци, а „пред“ и „после“ разликите се неверојатни.
Почнало кога мајка му на Jesse привремено се вселила кај него и неговата бремена сопруга, за да ѝ помогне во првите денови од мајчинството. Jesse го искористил ова за да го покани и татко му, и да го зближи семејството.
Но татко му – раководител со една мала фабрика за обработка на бамбус, со себе ја донел и својата љубов кон алкохолот и својот пивски стомак. Jesse тогаш помислил дека програма за слабеење ќе му помогне на татко му да си ја врати самодовербата и страста кон животот.
Прво почнале со брзо одење, кое наскоро преминало во џогирање. Додавајќи сé повеќе и повеќе вежби, почнале да одат и во теретана. Паралелно, ги мереле резултатите на секои 10 дена.
Сé на сé, од 10 март до 30 септември, вежбањето им станало начин на живот. Резултатите се ШОКАНТНИ (што би рекле таблоидите) и ќе ги видите на сликите, но најголемата придобивка, според Jesse, e што татко му сега е прероден човек.