Ова стварно можеше да биде многу болно искуство.
Оној предновогодишен афект кој се случува кај огромен процент од младината, она чувство кога се осеќаш непобедлив, надреален и позаебан отколку што можеш да замислиш може стварно да ти направи проблем. Така и Ентони Напо со својот BMX проба на празен базен со салто акробација да ја прерипа оградата.
За малце ќе успееше во тоа. Напо всушност се закачи на самата ограда и имаше толку многу среќа што со нозете се заглави во празниот простор меѓу острите шипки што 29-ти декември треба да го слави како втор роденден, бидејќи ќе останеше без виталните делови на неговото тело.
Благодарение на к’сметот, Напо оди во рубрика „Забава“, наместо во „Хроника“