Авион се зарил во зграда, поради ветер (фото)

Авиокомпанијата „Flying Lion Limited“ ја чекаат непланирани трошоци. Ќе мора да фрли солидна сума на поправка на својот авион „Фалкон 7-икс“, кој стоел паркиран на меѓународниот аеродром во Малта.

Или барем така мислеа – дека стои паркиран. Ветерот бил толку силен што авионот завршил закован во една празна зграда.

Авионот прво ја урнал оградата, а потоа и го пробушил ѕидот на објектот во сопственост на групацијата „Полидано“.

Инцидентот се случил на 27 декември вечерта по 22 часот, пренесува Russia Today. Официјалните лица од аеродромот го потврдија инцидентот, а потврдија и дека авионот се наоѓал на својата доделена позиција, барем додека ветерот не решил да го премести.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

 

 

- Реклама -