Холандија претстави околу 6000 паметни корпи за ѓубре кои можат да бидат употребени само со RFID картички.
Покрај анализирањето на количината која секој ја фрла во ѓубрето корпите ќе одредуваат и сума која ќе треба да се плати за фрлање на тоа ѓубре. Покрај новите корпи ќе бидат поставени и корпи за рециклирање кои нема да наплаќаат, што значи дека оваа програма е намнета за поттикнување на купување и користење на производи кои можат да бидат рециклирани.
Планот е дека покрај еколошката придобивка на овој начин ќе се намали и бројот на кражби на корпи. Проблемот е што постои шанса дека при избор помеѓу плаќање за соодветно фрлање на ѓубрето и фрлање на истото на земја, многумина ќе го изберат поевтиниот и поедноставен метод. [Dutch unleash intelligent robot bins: No ID, no rubbish]