Тераме празнична сезона, нема баш од секого да добиете подарок за рипање до плафон. На секого му се случило да добие неприкладен, глуп и непромислен подарок кој долго ќе го памети. Она кога го зимаш подарокот и под брк, со полукисела насмевка велиш „Фала, не требаше да се трошиш“, „Ама стварно“.
Вајс направиле супер анкета со колеги и пријатели во една реченица да им ги опишат најглупите подароци кои некогаш ги добиле. Еве ги одговорите:
Кога имав 5 години добив чоколатца полнети со ликер – Лиз (29)
Дечко ми ми купи одвратно ланче од казино – Кортни (26)
Половна машина за правење пуканки – Бил (25)
Стар примерок од часописот „ПИПЛ“ – Алија (30)
Кабли за нова кола – Ливија (29)
Шампон за куче наменет за мене – Стефани (27)
Игрица за Гејм Бој, а никогаш не сум имала Гејм Бој – Марија (34)
Вага која ги анализира телесните масти, на 16-ти роденден – Меган (33)
Полупразно шишенце лак за нокти – Тања (33)
Мене чорапи, на сите други Гејм Бој – Крис (37)
Јаже за скокање на средношкололска возраст – Никол (35)
Гипсан отисок од раката на бившиот дечко – Кели (33)
Загрижено колаче во облик на срце за Денот на вљубените – Џулија (26)
Прирачник за излез од животната криза – Никола (33)
Комплет полупразни шишиња вино – Шонти (39)
Мајка ми само што ми подари пинцета – Кари (22)
Векна леб од дечко ми – Лорен (37)
Тест за бременост од мајката на дечко ми – Кејт (36)
Бели бапски гаќи, три броја поголеми – Ејми (25)
Аквариум и дополнителна опрема, без риби – Ерика (36)
Барбики од баба ми, кога наполнив 17 години – Ана (26)