Махеш Савани – индиски трговец со недвижнини (и богаташ), им плати венчавка на 251 сиромашна девојка од Индија, по повод Божиќ. Групната свадба е организирана во градот Сурат, во Гудџара, за девојки од хиндуистичка, но и за девојки од муслиманска и христијанска вероисповед.
Ова Махеш го прави веќе неколку години. Главно им плаќа и организира венчавки на девојките кои ги изгубиле своите татковци или кои не можат да го платат трошокот.
Освен самата венчавка, Махеш ги плаќа и даровите, накитот, покуќнината за секоја невеста и речиси сите други основни потребштини. Вкупно на една невеста троши по околу 6250 долари, според проценките на неговиот помошник.
Но не застанува таму. Им ги плаќа и трошоците за грижа за болните членови на семејството, како и образованието на децата.
Од 2012 година Савани има омажено над 969 девојки.
„Имам два сина и немам ќерка, иако отсекогаш посакував“, вели тој.
На девојките на кои им помага гледа токму така – како на свои ќерки, и вели дека многу го радува кога ги гледа среќни.
„Нема ништо побожествено од кanyadaana (хиндуистичкиот обред на давање ќерка во брак)“, тврди Махеш.
Тој не е единствениот ваков добар Самарјанин во Индија. Сè повеќе богаташи и моќници го прават истото за да ги помогнат сиромашните млади девојки во Индија.
… Што ни даде идеја. Ете како ефикасно да покачиш наталитет во една земја.