Фолксваген ги намалува плановите за производство

Германскиот производител Фолксваген е приморен да ги намали плановите за глобална продажба и производство на над 250.000 возила, а најголемата причина за ова е затоа што пазарот во Западна Европа е погоден од тешката економска криза.

Фолксваген и покрај ова не отстапува од плановите за 2018 година да стане најголем производител на светот. И покрај намалувањето на зацртаната продажба и производство, германскиот гигант годинава за седум месеци  продаде 5,19 милиони единици, што претставува пораст за 9,1 % во споредба со истиот период лани.

Значи и покрај кризата на европските пазари Volkswagen бележи одлични резултати, благодарејќи на одличните резултати на другите светски пазари. На кинескиот пазар, воедно најголемиот на светот, германскиот производител го зазема првото место по продажбата, а извонредно поминува и на пазарот во САД, каде има голема побарувачка за моделите Jetta и Passat, кои се произведуваат во погоните во Тенеси.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -