Влатко Ѓорчев привремен координатор на опозицијата во Собранието

Илија Димовски кој е координатор на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието се повлекува од оваа функција.

Алсат-М дознава дека на местото на Димовски доаѓа Влатко Ѓорчев, кој исто така е пратеник од опозицијата.

Како што дознаваат медиумите, повлекувањето на Димовски била лична одлука.

Ѓорчев ќе раководи со пратеничките групи додека да се изберат новите партиски органи, откако на чело на партијата застана Христијан Мицкоски.

- Реклама -