Најмалку пет лица загинале во Москва откако автобус излетал од патот и завршил во подземен пешачки премин, каде во моментот се движеле повеќе луѓе.
Според првичните информации, се работи за откажување на кочниците на автобусот, а можноста за терористички напад веднаш била отфрлена од страна на руските власти.
Меѓу загинатите и повредените има и пешаци, но и патници од автобусот.
Возачот е приведен и испрашан, а ќе бидат проверени сите градски автобуси, за да се исклучи секоја можност дека се работи за план или заговор.