Пет објаснувања за „Францускиот Парадокс“

франуски парадоксМожеби сте го чуле изразот „Француски Парадокс“ кога се зборува за Французите кои се витки и здрави, а навидум јадат сè што ќе посакаат: многу бел леб, сирења, путер, сланина и многу повеќе десерти отколку што би требало. Сè од флавоноиди во црвеното вино до климата често се спомнуваат како причини за оваа појава. Но, за се постои едноставно објаснување, па така и за оваа појава.

Можеби сте го чуле изразот „Француски Парадокс“ кога се зборува за Французите кои се витки и здрави, а навидум јадат сè што ќе посакаат: многу бел леб, сирења, путер, сланина и многу повеќе десерти отколку што би требало. Сè од флавоноиди во црвеното вино до климата често се спомнуваат како причини за оваа појава. Но, за се постои едноставно објаснување, па така и за оваа појава.

француски парадокс1. Грицкање помеѓу оброците.
Французите генерално ја избегнуваат оваа пракса, можат да земат по некоја палачинка повремено. Но концептот на посетување на ресторан за брза храна е целосно непознат за нив.

2. Еспресо.
Филтрираното кафе е непознат концепт во Франција. Кога нарачувате кафе најчесто добивата мала чаша со една голтка еспресо, пакетче шеќер и мало колаче поставено на чинијата. Кафе наутро, кафе на пладне, кафе по ручекот, а можеби и кафе по вечерата. Минимум четири до пет еспреса дневно, што значи дека нивниот метаболизам работи со зголемена брзина.

Прочитајте и:  Гинеколог тврди дека жените во постменопауза треба да го намалат внесот на една хранлива состојка

3. Бензинот чини речиси две евра по литар.
Високата цена на бензинот значи дека е поефтино да се користи јавен транспорт, дури и на меѓуградски дестинации. Французите, особено оние кои живеат во градовите, пешачат, и тоа многу. Дополнително, Париз и Лион имаат развиена мрежа за едноставно изнајмување велосипеди, лесно и брзо, а во Лион првиот час го добивате бесплатно.

француски парадокс4. Избегнување преработена храна.
Французите конзумираат изненадувачки мали количини преработена храна. Нормално, можете да најдете чипсови и газирани сокови, но ако седнете за вистински оброк, тогаш вашата храна најверојатно е свежа.

5. 90-минутен ручек.
Французите уживаат во своите оброци. Тешко е да се замисли ручек кој трае час и половина (еден час за оброкот и половина час пиење кафе) и вечера која трае два часа. Повеќето луѓе се навикнати да јадат набрзина, понекогаш дури и во одење. Но бавното јадење значи дека посоодветно ќе реагирате на сигналите кои вашето тело ви ги испраќа.

- Реклама -