Николас, кучето кое беше ставено во сад со вода за да се докаже дека може да дише, како дел од научен експеримент при посетата на Вучиќ, добива дом.
Заменик-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин, го вдоми јазовичарот Николас кој научниците од Фондацијата за напредни студии го користеа за да демонстрираат технологија на дишење во течност.
При посета во оваа Фондација, Рогозин замолил да му го подарат токму ова куче.
Експериментот во кој се докажува успешноста на технологијата беше прикажан пред српскиот претседател Александар Вучиќ, а видео-снимката за кратко време стана вирална.