Се продава најмалиот стан на светот

СтанВо срцето од еден од најскапите градови во светот (кога станува збор за недвижнини), Рим, на продажба е ставен најмалиот стан на светот, за цена од само 43 илјади евра.

Во срцето од еден од најскапите градови во светот (кога станува збор за недвижнини), Рим, на продажба е ставен најмалиот стан на светот, за цена од само 43 илјади евра.

СтанНеверојатниот стан, кој некогаш бил остава во зградата, се наоѓа на Пиаца ди Сант Игнацио во Рим, недалеку од палатата што ја изнајмува Силвио Берлускони како лична резиденција во главниот град.

Сопственикот на станот бара 43 илјади евра за него и го продава како „компактен“ и со одлична локација. Сепак, станот има површина од едвај 5 метри квадратни и во него собира само еден кревет (до кој треба да се качите со скала). Има и прозорец, но за да го отворите, треба да се прекачувате преку креветот. На „долниот кат“ има тоалет, со туш и тоа отприлика е тоа кога станува збор за луксузноста на овој стан.

Еден од дневните весници во главниот град на Италија излезе со коментар на случајов велејќи: „Во Рим, луѓето почнале да живеат како стаорци“. Ова апсолутно не може да се порекне. [‘World’s smallest apartment’ on sale in Rome]

- Реклама -