Интересни факти за жените од древната историја

Историјата во последниве 1-2 илјади години е доста важна и знаеме прилично голем дел од истата. Но таму некаде меѓу важните податоци кои ги изучуваат историчарите, се наоѓаат и мали занимливости кои обичниот човек не стигнал да ги дознае. Овде ќе се фокусираме на жените.

1. На пример, дека римските девојчиња играле со своја Барбика 

Во Древен Рим, девојките се мажеле на 12 години. Дури и во тоа кратко детство, сепак играле со играчки. Една од нив, откриена во 19-от век, е дрвена кукла. Најдена е во саркофаг кој ѝ припаѓал на извесна Crepereia Tryphaena која живеела во 2-от век. Како што можеме да видиме, се работи за женска кукла со одредени сличности на модерната Барби. Пропорциите на телото на куклата дефинитивно не се меѓу нив, ама меѓу нив дефинитивно е ковчежето полно со облеки за куклата кое било најдено во истиот саркофаг.

2. Грчките жени имале право на развод 

Иако жените во Античка Грција не ги сметале за граѓани и имале строго ограничени права, процедурата на развод била прилично фер. Ако жена сакала развод, сé што требало е да најде машки претставник што ќе ја договори „зделката“ во нејзино име.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Додуша, ако маж сакал развод, доволно било да ја исфрли жената од дома.

3. Римските жени носеле бикини

Како што покажува овој мозаик од 4-тиот век од нашата ера, најден во Сицилија, римските девојки и жени носеле нешто многу слично на модерните бикини. Дури и од денешен аспект делува модерно (во најмала рака доволно модерно за во ’60-тите). Неверојатно е колку Старите Римјани биле прогресивни.

4. Римските жени биле и вклучени во атлетски активности

Истиот мозаик покажува и дека римските жени биле по спортот. Прототипот на модерните рачни тегови прикажан на мозаикот е особено импресивен. Сé на сé, жените во Стариот Рим имале многу рекреативни активности и богат друштвен живот.

5. Индиските жени слободно бирале сопрузи

После толку многу епизоди од „Малечката невеста“, ова делува посебно интересно. „Малечката невеста“, впрочем, постои затоа што и ден денес во Индија се чести договорените бракови. Но во древни времиња, жените биле еднакви со мажите. Имале право не само да го изберат сопругот, туку и да се мажат кога сакаат. Индиските жени, патем, имале и право на солидно образование, а им било дозволено и проучување на Ведите.

- Реклама -