Младиот Алберто од Шпанија цел живот ќе го памти одговорот на прашањето „Кој е Стив Роџерс во филмот осветници (The Avangers)“ кое му го поставија во квизот Ахора Каиго.
Точниот одговор можеше да му донесе 100 000 евра, а ќе ги лапнеше барем ако се замислеше ко ти у 7-мо одделение кога ќе те извади наставничката на табла, а ти пустиот, си гледаш во палците на нозете и полека го креваш погледот кон стомакот и градите и чекаш некој од страна да ти нафрли било што, макар и да те опцуе.
Е ваму, не ни требаше да чека дофрлување, бидејќи одговорот му го пишуваше на маицата.
Трите понудени одговори беа – господин, капетан и доктор
Типот не го знаеше точниот одговор иако на маицата му пишуваше “Стив Роџерс е Капетанот на Америка’
Наравоучение, убаво гледај што ти пишува на маицата, ако не знаеш прашај. Може ќе бидеш побогат за 100 000 евра.