Опозицијата денеска ќе блокира, протестира и донира

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира четири раскрсници, ќе протестира и ќе има крводарителска акција, најавуваат од партијата.

Во периодот меѓу 15 и 17 часот, ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе ги блокираат раскрсниците кај Соборна, кај Мавровка, кај Нова Македонија и кај Црвен Крст. Во 18 часот ќе протестираат пред Шутка, против приведувањето на насилниците од 27 април.

Меѓутоа, во моментов, во „Даре Џамбаз“ се одвива крводарителска акција, организирана токму од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата и понатаму обвинува дека државата е заробена и дека е организирана полициска хунта против ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  Митева: МЕПСО клучна функција му биле донации на спортски клубови наместо пренос на електрична енергија
- Реклама -