Поприроден звук со новите редизајнирани EarPods слушалки од Apple

За првпат после неколку години, иконските бели слушалки на Apple поминаа низ голем редизајн. Сега брендирани како EarPods, овие слушалки се значително подобрување на аудио квалитетот за разлика од претходните.

 Apple ветува дека звукот ќе биде поприроден и со неверојатен акустичен квалитет, обично својствен за поскапите модели на вакви мали слушалки.

Слушалките имавме можност да ги видиме и пред нивната објава. Доаѓаат во пакет со iPhone 5, iPod touch и iPod Nano. Како што може да се очекува, постои и управувач на кабелот за котролирање на јачината на звукот и гласовните повици.


EarPods се достапни и како посебен производ, почнувајќи од денес.



- Реклама -