Објавени застрашувачки снимки од нуклеарни тестови од времето на Студената војна

Физичарот Грег Спригс се зарече дека ќе дигитализира (што значи уште не сме ги виделе по нет) повеќе од 10.000 снимки од нуклеарни експлозии кои САД ги имаат изведнео околу средината на 20-от век.

Се разбира, целта е да се прикаже разорната моќ на оружјето кое за влакно ќе го уништеше целиот свет ако Студената војна тргнеше во непосакуван правец.

На снимките објавени на официјалната страна на Lawrence Livermore National Laboratory конкретно се прикажани тестови изведени со нуклеарно оружје меѓу 1945 и 1962 година, кога САД и СССР се тркаа кој ќе направи посилна и помоќна атомска бомба. Тестовите се спроведени во Невада и на пацифичките острови.

10-те илјади снимки кои Спригс (кој работи во горенаведената национална лабораторија на Калифорнија) планира да ги дигитализира ќе опфатат околу 210 нуклеарни тестирања од тој период.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

„Јавноста мора да ги види овие материјали, не само за да ги сочуваме спомените од минатите времиња, туку и да добиеме одговори на нашите прашања околу моќта на нуклеарното оружје, како и да им помогнеме на идните физичари да имаат некои параметри на располагање. Навистина е неверојатно колку сили се ослободуваат со таква експлозија. Можеби тоа ќе им помогне на луѓето добро да размислат околу употребата на ваквото моќно оружје“.

- Реклама -