Сите работи и професии со кои денес се бават луѓето, или барем најголемиот дел од нив, во иднина ќе ги обавуваат роботи, се согласуваат многумина од експертите. Сепак, некои полиња ќе останат недостапни за вештачката интелигенција. Според американскиот AI експерт Мартин Форд, причина за страв немаат електричарите, медицинските сестри и водинсталатерите.
Форд, кој неодамна го објави бестселерот „Rise of the Robots: Technology and the Threat of a Jobless Future“ , исто така се согласува дека луѓето наскоро нема веќе да можат да се натпреваруваат со роботите во најголем дел од професиите.
„Појавата и развојот на роботите ќе биде прекрасна ствар, бидејќи луѓето веќе нема да мораат да ги обавуваат досадните, рутински работи“, вели Том Ватсон – лидер на британските лабуристи.
Форд предупредува на обратното. Луѓето, според него, нема да бидат воодушевени од подемот и надоаѓањето на вештачката интелигенција и фактот што ќе бидат заменети од „машини“:
„Единственото поле во кое луѓето можат да се сигурни дека нема да бидат заменети од роботи ќе бидат професиите кои подразбираат спретност, координација на очите и рацете, и флексибилност. Тоа се квалификуваните професии како водоинсталатерството и електричарските професири.
Според Форд, не мораат да се грижат ни медицинските сестри, бидејќи таа професија подразбира повеќе емпатија и грижа, а во догледно време роботите нема да можат да нé заменат во тоа поле (сестрите без емпатија нека му ја мислат).
Форд смета дека немаат простор за грижа ни луѓето во креативните професии, иако вештачката интелигенција ќе нé достигне до одреден степен и во тоа поле.
Сето ова Форд го изјави само ден откако лабуристот Ватсон рече дека на развојот на роботите премногу се гледа од дистописка гледна точка:
„Изгледа како да се подготвуваме за свет во кој наместо човечката работа и упорност, секој аспект на друштвениот и економскиот живот ќе биде обликуван од вештачка интелигенција, алгоритми и автоматизација. Звучи застрашувачки, но не мора да биде така. Препуштајќи им на машините од 21-от век да ги обавуаат досадните и рутински задачи на работното место, луѓето ќе добијат повеќе слободно време за да се бават со работи кои ќе придонесат за поголема економска корист“, пренесува Дејли Мејл.
На крајот, времето ќе покаже. Дотогаш, очигледно, дебатата меѓу двете струи ќе продолжи.