Во врска со осмата епизода од „Star Wars“ мислењата на публиката се доста поделени – некои го обожаваат, а некои сметаат дека е тотална утка.
Сепак, тоа не беше причина интересот на публиката за „Star Wars: The Last Jedi“ да биде голем и да донесе голема заработка за Дизни.
Доколку се споредат филмските хитови од 2017-та, „Wonder Woman“ и „Justice League“ добија многу медиумско внимание, а Ворнер Брос посветија многу средства и на медиумската промоција.
Споредено со останатите филмови на Дизни, „The Last Jedi“ успеа да донесе висока заработка и малку да ги „загуши“ филмовите како „Coco“ и „Ferdinand“.
„Justice League“ за еден месец заработи 4,17 милиони долари, што е за 219.000 долари помалку од првиот викенд на „Star Wars: The Last Jedi“, а со оглед на големата конкуренција во кината, добро е што разликата не е доста поголема.