Започнува предизборната кампања во Русија

По одобрувањето на Указот на Советот на федерациите за закажување на претседателски избори, во Русија и официјално започнува предизборната кампања.

На претстојните претседателски избори повторно ќе се кандидира и актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин и тоа како независен кандидат.

Денеска се очекува Централната изборна комисија да започне со одбројувањето до денот на гласањето и да го одобри календарот на кампањата. По три месеци – на 18 март 2018 година – Русите ќе гласаат за новиот шеф на државата.

Прочитајте и:  Зеленски: Украина можеби ќе треба да почека и да го надживее Путин за да си ја врати територијата
- Реклама -