Кинески воз поставил нов брзински рекорд

брз возНов кинески брз воз кој ги поврзува Шангај со Хангжоу поставил нов светски рекорд за брзина на воз, движејќи се со брзина од 416,6 километри на час за време на прелиминарен тест. Се планира возот да го скрати  времето на патување за половина на околу 40 минути. За да го постигне ова, возот ќе го поминува растојанието меѓу двата градови, 202 километри, со просечна брзина од околу 350 километри на час.

Нов кинески брз воз кој ги поврзува Шангај со Хангжоу поставил нов светски рекорд за брзина на воз, движејќи се со брзина од 416,6 километри на час за време на прелиминарен тест. Се планира возот да го скрати  времето на патување за половина на околу 40 минути. За да го постигне ова, возот ќе го поминува растојанието меѓу двата градови, 202 километри, со просечна брзина од околу 350 километри на час.

брз возЖелезничката служба која ќе ги поврзува Шангај и Хангжу, главниот град на источнокинеската провинција Жејианг, би требало да започне со работа во втората половина на октомври. Жанг Шугуанг, заменик на главниот инженер во Министерството за Железница изјавил: „Новиот рекор од 416,6 километри на час покажува дека Кина достигнала нов праг во развивањето на технологијата на брзи возови. Лиу Јулеи, репортерка која била присутна на возот, изјавила дека се чуствувала како да лета кога возот ја достигнал максималната брзина.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Кинеската брза железница, која во моментов располага со 7000 километри пруга погодна за брзи возови, најголема должина во светот, не е привлечна за патниците, поради високите цени на билетите и големото времетраење на патувањата. Билет за прва класа, на меѓуградска дестинација, се проценува на околу 100 јуани (околу 11 евра) или двојно повеќе од веќе постоечките билети.

Патниците веруваат дека патувањето со брз воз помеѓу Шангај и Хангжу ќе трае подолго од времето потребно за возење со автомобил, бидејќи возот има 9 станици на кои мора да застане, а 7 од нив се новоизградени во приградските населби на Шангај и неколку градови во Жејианг. Неколку брзи возови кои не одат директно од Шангај до Хангжу ќе застануваат на овие станици, со цел да се поттикне економскиот развој во околината. Службеник во шангајското железничко биро изјавил дека овој тест на линијата Шангај-Хангжу бил за добивање технички податоци. Цената на билетите и деталниот распоред на возот сè уште се држат во тајност. Повеќе детали за возот ќе бидат достапни една недела пред официјалниот почеток на работата на линијата. [Chinese high-speed train creates new world record]

- Реклама -