Маските не помагаат против загадениот воздух, а го дишат 90% од луѓето

air

Повеќе од 9 од 10 луѓе низ светот живеат во области со масовно загадување на воздухот, што придонесува за удари, срцеви болести, канцер на белите дробови и други проблеми, се вели во извештајот на Светската здравствена организација.

Поконкретно, 92% од луѓето живеат во области каде квалитетот на воздухот ги надминува максималните граници што ги поставува СЗО, а најпогодени се југоисточна Азија, источниот Медитеран и западниот Пацифик.

Во сличниот извештај на СЗО објавен во мај, се вели дека 98% од жителите во големите градови на земјите со мали и средни приходи се соочуваат со високо загадување на воздухот.

Според СЗО, 1 во 9 смртни случаи глобално е поврзан со внатрешно или надворешно загадување.
Туркменистан има највисока стапка на смртни случаи по жител, следен од Таџикистан, Узбекистан, Авганистан, Египет и Кина.

Прочитајте и:  Донесена Наредба за воведување мерки за намалување на емисиите на загадувачки супстанции

Извештајот се фокусира на надворешното загадување на воздухот, за кое се смета дека убива околу 3 милиони луѓе годишно, според најновите достапни податоци измерени во 2012 година.

Две нешта се случуваат. Едното е: богатите земји стануваат сé подобри во подобрување на квалитетот на воздухот. Второто: сиромашните земји се сé полоши. Тоа е општиот тренд“, вели д-р Карлос Дора, координатор за животна околина и општествени детерминанти на здравјето при СЗО.

Меѓу наодите што нас најмногу нé тангираат, Дора рече и дека СЗО нема докази дека фацијалните маски како тие што ги носат во Азија всушност помагаат да се намали изложеноста на ситните честици.

- Реклама -