Докторка не може да ја обнови лиценцата бидејќи не знае да користи компјутер

Судија од американската држава Њу Хемпшир пресуди дека на 84-годишната докторка Ен Конопкас не може да ѝ биде дозволено да ја обнови лекарската лиценца ако не познава работа на компјутери.

Властите ја доведоа во прашање нејзината способност да води евиденција, да препишува лекови или да донесува медицински одлуки, бидејќи нејзиното знаење поради неработењето на компјутер е проценето како недоволно.

За почеток, Конопкас не била во можност (не знаела) да го користи задолжителниот електронски систем за надгледување на лекови, кој постои со цел да спречува предозирања.

Судот донесе одлука дека Конопкас не успеала да докаже дека била спречена да си ја обнови лиценцата, како што таа тврди. Не била спречена, туку не ги исполнува условите, заклучува судот.

Докторката не е задоволна и вели дека ќе се жали. Ќе се бори „сé додека има смисла“. Во прилог навела и писма од скоро 30 нејзини пациенти кои го пофалуваат нејзиното трпение, страст за работата и медицинска вештина. Голем дел од нејзините пациенти немаат здравствено осигурување, но таа ги лечи сите што ќе се нафатат да платат 50 долари. Изгледа веќе не.

- Реклама -