Впечатоци од првиот независен тест на Google Glass

Иако нема крај на шпекулациите за Project Glass на Google до сега никој немал шанса за независен тест. Но сега Спенсер Анте од Wall Street Journal ја имал честа да ги испроба очилата цели десет минути, неговата оцена е мешана.

Тој објаснува дека очилата не тежат многу и имаат камера и дисплеј кој проектира податоци во видното поле на корисникот над десното око. Спенсер објаснува: „Очилата се како смартфон кој го носите на лицето и ви овозможува да фотографирате, да испраќате пораки и да вршите други активности со гласовни команди.“

„На пример, ако речете “OK, Glass” ќе отворите мени кое прикажува икони кои ќе ви овозможат да направите фотографија, видео, да користите Google Maps или да направите телефонски повик. По десетина минути со очилата кои компанијата преферира да ги нарекува Google Glass – бидејќи немаат леќи – може да се види долгорочниот потенцијал.“

Очилата добро лежат на лицето, лесно можете да направите фотографија или видео без да го вадите смартфонот од џебот. Убаво беше да се видат информациите пред десното око, но на моменти искуството беше малку дезориентирачко. Постојано го затварав моето лево око, што беше доста неудобно.“

Јасно е дека премногу е рано за оценување на очилата бидејќи софтверот за повеќето функционалности сè уште не е завршен. Сергеј Брин му објаснил на Анте дека системот за мапирање на дисплејот не е готов а истото важи и за телефонската функционалност. [Hype and Hope: Test Driving Google’s New Glasses]

- Реклама -