Еве како изгледаше Скопје сабајлево (најдобрата галерија денеска!)

Ѕиркаме сабајлево низ прозор и што ќе видиме – ШОК! Аерозагадувањето/маглата растерано, сонцето успеало да се пробие, скопјани со насмевки и добро расположени кон работа, барем поради фактот што дишат кислород за промена. Ја проследуваме сцената со насмевка, задоволни што големите напори на сите претходни и тековната влада се исплатеа, а Скопје веќе скоро и да не знае што значи загаден воздух.

Горди на политичката соработка во изминативе години, благодарение на која процвета економијата и се изроди голем технолошки развој (кој патем е заслужен што денес имаме џиновски вентилатор да го луфтира Скопје и Македонија од загадување и магла, како што има Холандија или Јапан, не нé фаќајте за збор), а и горди и на своите сограѓани за совесниот однос кон животната средина, тргнавме по апаратот за да ја фотографираме убавата глетка.

Прочитајте и:  Министерство за животна средина: Ги интензивираме активностите за чист воздух

Барајќи го, се разбудивме од сонот. Ѕирнавме низ прозор и си рековме: „Е јебига…“. Сепак, решивме да фотографираме. Па еве:

Плоштадот.
Кале.
Камени мост.
Карпош.
Ново Лисиче.
Бутел.

 

Гази Баба.
Кисела Вода.
Пред Влада.
Селфи на авторот.

За крај, еве и како фотографиравме.

Да, со Paint. Можевме и да излеземе надвор со вистински апарат, ама резултатите ќе беа потполно исти.

- Реклама -